Најдолго игнорирани, најбрзо стигнаа 3000 вакцини „СпутникV“

Вакцините кои што цели шест месеци ги игнорираа македонските власти – дозите на „Спутник”, се првите купени од страна на Македонија. Иако пратката е скромна со дури три илјади дози е добредојдена, но загрижува што бројот на вакцините не се ниту половина од донираните на Фајзер што ги добивме од Србија.

Додека останатите држави обезбедуваат но и вакцинираат милиони граѓани, Македонија досега има обезбедено сaмо 11 илјади вакцини. Дозите на кинески Синофарм  кои што беа најавувани дека само што не пристигнале во последен беше вратен капарот зошто? се уште не се знае.Договорот со Фајзер е потпишан неодамна, и тие вакцини ги чекаме до крајот на месецот. Додека за вакцините преку КОВАКС за кои Македонија најмногу се надеваше и за тие не се знае точната бројка колку и кога ќе ги добиеме.

И дел од лекарската фела се на ставот оти македонската Влада премногу и веруваше на ЕУ, со тоа и на КОВАКС механизмот за добивање на вакцини. Немаа ниту слух за експертите кога многупати предупредуваа дека многу порано и поажурно требаше да се обезбедуваат вакцини. За да не се соочиме со сценарио какво што сега имаме…да имаме најмалку вакцини во Европа.

Докторите не се послушаа и за спроведувањето на пописот. Професорот Пановски јавно посочи дека сега попишувањето во време на пандемија не е баш безбедно и дека треба да се одложи за мај.

Спутник вакцините се чуваат на температура од минус 18 степени во фрижидерите во Поликлиниката Јане Сандански. Вакцинирањето ќе биде во здравствените домови и почнува од среда.Со овие дози ќе бидат заштитени 3.000 лица – мал број на здравствените работници, а останатите ќе бидат наменети за постарите граѓани кои се во ризична категорија. За истите втората доза треба да стигне за 3 недели.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста