На Заев не му се слуша за оставки-наместо одговорност за поразите ќе продолжи да ја моли Софија

Владата не помислува за оставки по неуспешните обиди за тргање на бугарското вето, ама премиерот Зоран Заев бил спремен да ја моли Бугарија за европски размислувања. Во моментов вели било важно да се подзатворат некои историски врати, за да не пропаднела сегашноста, ама не открива што беше понудено од европските челници. Македонскиот јазик и македонски народ, ако е за преговори, не преговараме, е ставот на Заев.

И додека Заев се нуди кај Бугарија дека е спремен на компромис, бугарскиот претседател Румен Радев категоричен – бара гаранции од Македонија за пристапувањето во Унијата, за да биделе убедени дека процесот на проширување ќе биде ефикасен, стабилен и неповратен

За сите овие неуспешни чекори на актуелната власт за интеграцијата на земјата, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски бара оставки и одговорност. Најавува дека во преговори е и со пратеници од власта за добивање на мнозинство во парламентот.

Заев пак не гледа основа за заедно со локалните избори наесен да се оддржат и парламентарни избори. Тврди дека постои единство во пратеничката група, но подготвен е и за преговори со албанските партии за зголемување на бројот на пратеници.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста