Сончево со умерен ветер до 29 степени, од недела пресврт на времето

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 25 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.

Поврзани вести