МВР: Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица, поднесена кривична пријава

МВР: Расчистено убиството во Прилеп, приведени две лица, поднесена кривична пријава

Министерството за внатрешни работи објави дека е расчистено убиството во Прилеп и е поднесена кривична пријава, откако се приведени две лица.

-Денеска во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено на 29.02.2024 во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп. Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело, се вели во соопштението од МВР.

Од таму објаснуваат дека со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој тој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста