ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС планира со кадри, како трговецот со дрога Александар Филев, да го носи народот во ЕУ?

ВМРО ДПМНЕ: Дали СДС планира со кадри, како трговецот со дрога Александар Филев, да го носи народот во ЕУ?

СДС планира да го носи народот во ЕУ, со лица како Александар Филев, познат нивни активист од Радовиш, а воедно и директор на тамошниот меѓуопштински центар за социјални работи, кој е поставен таму, лично од Јована Тренчевска, реагира ВМРО ДПМНЕ, во соопштение од изутрината.

-Истиот Александар Филев, на 17-ти овој месец, беше приведен во Штип, од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, поради тоа што, кај него, била најдена и одземена дрога. Бидејќи од СДС не се оградуваат од Александар Филев, треба да дадат одговор, дали пронајдената дрога има врска со високи функционери од власта и кого сакаат да заштитат? Овој хаос ќе престане за неколку месеци. Државата мора да се врати кај народот и повторно да имаме функционална држава. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме! – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста