МВР: Казнети 162 возачи, 106 санкции за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, девет за управување возило под дејство на алкохол, 10 за возење без возачка дозвола, две за возач почетник, две за некористење сигурносен појас, три за користење мобилен телефон, две за нерегистрирани и технички неисправни возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, две за минување на црвено светло, четири за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, седум за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.