ВМРО-ДПМНЕ: Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него?

Дали Свето Пивара стои зад зградите кај Борис Трајковски и какви релации има Шилегов со него? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Стефан Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дек од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара? Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? На Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат, истакнуваат од опозициската партија.

Колку чини овој шверцерски ДУП? Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, додаваат од таму.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста