Др. Зафировски: Имунитетот кај прележаните трае од 6 до 12 месеци

Имунитетот на лицата кој го прележале Ковид 19 е долготраен и тоа е докажано со бројни светски медицински студии, па оттука нема логика овие граѓани да бидат принудени да примат вакцина 45 дена откако ќе ја прележат болеста, вели др Оливер Зафировски од Институтот за белодробни заболувања Козле. Во разговор за Алфа доктор Зафировски алармира дека новиот корона бран повторно го затекна здравстениот систем неподготвен. Во однос на мерката да се дозволи влез во затворени простории, кафеани и кафулиња со само една примена доза од вакцината, доктор Зафировски вели оти во таквата препорака нема никаква медицинска логика.

Интервјуто го водеше Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста