Муцунски: Преку реални проекти и политики да ги задржиме младите во Македонија

Фокусот на новата локална власт во Аеродром е да создаде соодветни услови за развој на младите од Општината, рече на денешниот настан “Законот за младинско учество и младински политики во фокусот на новите градоначалници во град Скопје” градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Ние треба да зборуваме за претприемачки центри, треба да зборуваме за техничка и за финансиска поддршка за младите, треба да зборуваме за поквалитетно национални политики за создавање на услови за деловно работење на младите луѓе и мислам дека токму тука е нашата функција како единици на локалната власт“, рече градоначалникот Муцунски.

Настанот се одржа во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и претставник на Општина Кисела Вода.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста