МИОА: ОЈО не не извести на време за планот за вработување

Министерството за информатичко општество и администрација отфрла било каква вина што 20тината стручни соработници во скопското обвинителство, а 35 на ниво на државата, кои со години талкаат низ јавното обвинителство без статус, и овој пат извисија.

Иако требале да дадат согласност односно мислење за вработување не го сториле тоа, а топката ја префрлаат врз обвинителството.

Велат оттаму задоцниле да им дадат годишен план за неопходни вработувања, пропуст за кој се свесни и извисените соработници, но сепак велат се жртви на селективна правда. Дали свесно се чекаше на новиот закон за јавно обвинителство за да се вдомат приоритетно административците од СЈО?

Годишниот план за 2020-та година Јавното Обвинителство го достави вон рок, со што Министерството за информатичко општество и администрација автоматски даде негативно мислење.

Соработниците остануваат во вакуум, без решение. И тоа со години, уште од 2015 година, за што министерството вели дека ќе му требало време за да увиди кој бил клучниот проблем сите овие години.

Во ноември 2019 година, тие се обратиле лично до Јавниот обвинител кој како што велат, потенцирал дека имало време и им велел да не „напнувааат”.

Сметаат дека Законот за јавно обвинителство кој беше изгласан, во чл.24 го решил работниот однос на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од Специјалното јавно обвинителство со распоредување, додека за нивната судбина никој не пројавил интерес.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста