Британија ја затвора вратата за ниско квалификуваната работна сила

По брегзит Британската влада има нова политика, имиграциите и пониско квалификуваните работници нема да добијат виза. Со тоа ги охрабрува работодавците да не се потпираат на ефтина работна сила од Европа, да инвестираат во постојан песонал и развој на автоматизирана технологија.

Посетителите можат да дојдат на шест месеци без виза, но нема да можат да работат.

Нема да има дозволи за работа за мигрантите кои сакаат да работат во ресторани, хотели, старечки домови и погони за преработка на храна.

Квалификуваните работници мора да имаат понуда за работа и 70 поени за да добијат дозвола. Властите пропагираат дека новиот систем значи дека само „најпаметните и најдобрите ќе може да дојдат во Велика Британија“. Лабуристите спротивно од тоа сметаат дека „непријателската околина“ ќе го отежне привлекувањето на работниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста