Мицкоски: Заев ќе прифати сè, декларацијата од бугарскиот парламент и сите барања за негирање на македонската посебност

Власта предводена од Зоран Заев е подготвена да прифати се што ќе им побара Бугарија, па дури и декларацијата која значи негирање на се што е македонско , вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју дадено за „Охрид 1“. За Заев кој и самиот јавно кажа дека денеска е во Софија на средби со тамошните челници за да помоли за решение, Мицкоски е дециден дека премиерот продава се во преговорите, оти нема што да им понуди на граѓаните.

-Нему му е најлесно да понуди потпис, да стави потпис и да рече јас ова само знам да направам, не знам да работам, не знам проекти како се водат, не знам како се правата реформи, не знам како до подобра економија, здравство и образование, ама знам да потпишувам со заврзани очи. И сега Радев го крши чекор по чекор, се до моментот додека не го постигне максимумот и тогаш ќе му рече на Заев извини ние имаме техничка Влада, немаме Парламент, ќе мора да почекаш да се формира Парламентот да имаме политичка Влада и тогаш со таа Влада ќе седнете и ќе се договорите. Кога ќе дојде таа Влада ќе рече еве јас ве донесов до тука, од тука натаму преземете го вие и завршите, рече Мицкоски.

И додека Заев на бугарска територија ја крои судбината на Македонија, Опозицијата преку  нова платформа насочена кон сите граѓани без никаква поделба ќе ја враќа довербата кај народот. Со фокус на подигнување на економијата, отворањето нови работни места, странски но и домашни инвестиции, квалитетно образование, но и безбедно здравство, лидерот на партијата Христијан Мицковски ја најави новата доба во која внимание ќе му се посвети на обичниот граѓанин.

-За жал и не е прегрубо ова да го кажам – денеска во Македонија постојат граѓани од прв и граѓани од втор ред и оваа поделба која е фактичка е директен производ на однесувањето на власта на СДСМ и Заев.

Граѓани од прв и од втор ред е ситуацијата во која половина милион луѓе живеат со едвај 150 денари на ден, а политичарите од власта и нивните блиски одат на скапи летувања и зимувања, возат најмодерни возила, мотори и јахти, се гоштеваат со државни картици и народни пари.

Граѓани од прв и втор ред е кога стотици илјади луѓе не може да стигнат до вакцина против Ковид, не се ниту вакцинирани, додека власта, нејзините семејства и блиски се вакцинираат пред сите други возрасни, хронично болни, мајки, трудници, па не само што се вакцинирани туку и веќе се ревакцинирани, порача Мицковски во обраќањето по повод 31 роденден на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период од терен ќе ја објаснувале суштината на  на стратегијата  „Македонија на сите луѓе“ и во директен контакт со граѓаните за да ги слушнат сите проблеми на народот.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста