Македонија за сите луѓе – новата политичка стратегија на ВМРО – ДПМНЕ

Македонија за сите луѓе е ново кредо со кое продолжува новата политичка стратегија на ВМРО ДПМНЕ, нова платформа и сила која ќе ги обедини сите чесни луѓе. Обединување на опозицискиот блок е неминовно,луѓето сакаат да си ја вратат државата и да живеат во успешна интегрирана земја-рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ на свеченоста по повод 31-от роденден на партијата.Тој накусо пред бројното членство кое го наполна Античкиот тетар во Охрид, ја претстави новата стратешка политика на партија во следниот период.Покрај новиот слоган Македонија за сите луѓе,новитет е и тоа што трите бои на патриотизот прераснуваат во осум,бидејќи само обединети и здружени ќе можеме да се изборите со нашиот противник кој работи против интересите на Македонија. ВМРО ДПМНЕ е партија која  му припаѓа на народот,а во себе го носи заветот на Македонија.

На народот ќе му зборуваме за основните принципи со кои ќе ја закрепнеме економијата, дека мора да завладее правото за да имаме економија,здравство достапно за сите ќе ни биде фокусот,образованието да се дигне не преку експеримети туку со знаење.

Македонија за сите луѓе – новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ, светогледот согласно кој ние ќе дејствуваме. Платформата со којашто ќе допреме до секое срце на секој еден наш граѓанин. Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат земјата и кои сакаат својата иднина да ја градат овде, во Македонија. Време е да зборуваме за иднината, да му кажеме на народот што е нашата визија, мојот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа национална и економска девастација. Време е да се победат неморалот, кичот и парадерството – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва, на одбележувањето на 31. година од создавањето на партијата ја претстави новата политичка стратегија.

Нагласи дека Македонија не е создадена за касти, клики и слоеви. Македонија е на македонскиот народ и сите граѓани кои слободно живеат под ова небо.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста