ХОЛАНДИЈА Е ТРЕТА СЕЛЕКЦИЈА СО ОБЕЗБЕДЕНО 1/8 ФИНАЛЕ НА ЕП, НО ПРВА КОЈА Е СИГУРНО ПРВА ПО ОВАА ФАЗА

Холандија им се приклучи на Италија и Белгија во фазата Топ 16 на континенталниот фудбалски собир и тоа по само две одиграни кола, со тоа што за разлика од лидерите во А и Б групите кои можат да бидат стасани и престасани во последниот круг од групниот сегмент, водечката во Ц конкуренција Холандија уште од сега е сигурна дека и ќе заврши како прва. Портокаловите имаат шест бода од средбите со Украина и Австрија вчера, па и ако загубат од нас во понеделник во Амстердам, заради меѓусебните дуели нивното прво место нема да биде загрозено.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста