Мицкоски открива афера”Мафија 2″- Над 20 000 лица добиле дупликат лични документи со различни матични броеви

Исти лица добивале дупликат лични документи со различни матични броеви.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски обелодени афера “Мафија 2”. На брифинг со новинарите откри дека едно лице со два матични броја еднаш се јавува во избирачкиот список со своето вистинско име и со вистинската адреса, а вториот пат регистрирано како друго лице во друга општина. Вакви лица според Мицкоски има над 20 000. Според информациите кои биле доставени во партијата извесен Диме Димовски имал два матични броја кои се разликувале во последните три бројки. Со едниот бил запишан во Чаир, а со другиот во Сарај.

“Според инфорамциите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични беоеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките …”, рече Мицкоски.

Сличен е случајот и со Џадин Адемовски. И тој е заведен на две адреси. Според едните податоци во Чаир, а според другите во Сарај. ВМРО-ДПМНЕ со теренска проверка не успеале да го пронајдат на првата сдреса. Неговиот идентитет беше искористен за да се изработи пасошот на Интересен е турскиот криминалец Седат Пекер кој кој беше во центарот на вниманието и во аферата “Мафија 1” со нелегално издадените пасоши.

Мицкоски прашува како се појавиле 20 000 двојни матичмни броеви кога СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ уште во 2016 утврдија дека избирачкјиот список е прочистен, Односно ваквите случлауи се отстранети. И тогаш и сега министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски, посочи опозицискиот лидер.

Аферата Мафија неодамна имаше и прв дел. На криминалци од регионот им се издаваа македонски пасоши со лажен идентитет. Обвинителството поднесе обвинение против 11 лица.   

Градимир Марковски

Advertisements

Поврзани вести