Мицкоски : Нудиме остварливи мерки во економијата, образованието, пазарот на труд и борба против корупцијата

Мицкоски : Нудиме остварливи мерки во економијата, образованието, пазарот на труд и борба против корупцијата

Економските мерки кои ги предвидува ВМРО – ДПМНЕ во платформата 1198 ги задоволуваат барањата на бизнисот. Чекорите кои ги предвидува партијата се во добар дел исполнување на барањата на Стопанската комора- било констатирано на денешната средба помеѓу економскиот тим на ВМРО – ДПМНЕ со Бранко Азески. Мицкоски посочи дека сугестиите кои ги добил од бизнисот ќе бидат дел од програмата за работењето  на новата Влада.

Честопати ние политичарите список на желби, а најчесто политичарите тоа не го реализираат. Ние во оваа програма имаме би рекол многу внимателен пристап, направивме од прилика една проекција како би се развивал Буџетот во следните четири години и што е она што можеме да очекуваме, и колкав е оној простор со кој што може да располага фискален идната Влада во делот на инвестиции и поддршка. Многу сме внимателни, би рекол конзервативни, на моменти и превнимателни затоа што чуда се невозможни, а ние не сме чудотворци да ветуваме чуда, секој оној кој што ветува чуда не ја говори вистината и се обидува да манипулира, рече Мицкоски.

Бизнисот честопати беше излажан од политичарите,  но овој пат нема да го дозволиме тоа – дециден е првиот човек на комората Бранко Азески. Тој  потенцираше дека она што го слушнал на средбата со економскиот тим на ВМРО – ДПМНЕ се совпаѓа со барањата на бизнисот и економските  политики кои ги најавуваат во добар дел ги решаваат проблемите. Азески  најави и конкретни чекори кои ќе ги презема Стопанската комора во иднина доколку има отстапки од договореното

Нашите чекори ќе бидат јасни. Секое излегување од договореното ќе потсетуваме. Потоа ќе бараме претседателот да ги потпишува законите еден месец по донесувањето, а не првиот ден. Ќе ги информираме САД за сите чекори кои владата ќе ги презема во незаконска насока. Ќе бараме фискалниот совет да работи како што треба и ќе повикаме меѓународните финансиски институции да преземат мерки. Ние можеме да го преселиме капиталот во секој момент, но сакаме да го правиме тоа за државата  – рече Азески

Економските политики на ВМРО – ДПМНЕ предвидуваат рамен данок од 10% и постепено намалување на 8%. Ќе се посветат на  јасна политика на парафискалните давачки. Најави и, реформи во УЈП и ревизија на фондот за иновации.  Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ посочи дека нема да се прави коалиција за да се формира Влада  по секоја цена, туку мора да има цврст договор во кој јасно ќе бидат дефинирани приоритетите.

Програмата на ВМРО – ДПМНЕ е мета на критика од СДСМ откако беше презентирана, за што  Мицкоски оценува дека е неодговорно оти СДСМ е партија која воопшто досега не презентираше  програмa.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста