Мицкоски: Ако Заев го штити идентитетот и јазикот, го повикувам да донесеме декларација за нивна заштита во собранието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 каде што уште еднаш го повика премиерот Заев дека ако е искрен и ако навистина сака да ги заштити идентитетот и јазикот, да седнат заедно и да донесат декларација во собранието со која ќе се заштитат и македонскиот идентитет а и јазикот.

-Заев вели, нема јас што да разговарам со лидерот на опозицијата, нема јас што да одам на Комисијата за надворешни работи и да давам отчет за преговорите бидејќи така ќе ги нарушам позициите при преговорите, но затоа пак, дава интервју за бугарски медиум каде што повторно ќе кажам згрозена е македонската јавност вклучително и јас, со сите оние непрецизности, неточности и би рекол распродажбата која таму ја најавува онака, би рекол галантно на тоа интервју. Сега, како ова ние можеме да го разбереме, многу несериозно. и втората работа или втората поента која што сакам да ја кажам е фактот дека пред две недели истиот тој Зоран Заев најавуваше дека нема преговори за македонскиот јазик, нема преговори за македонскиот идентитет и така натаму, и дека тоа биле неговите црвени линии. Еве тоа се и нашите црвени линии, зошто тогаш заеднички не отидеме во парламент и да изгласаме една декларација или резолуција, не битно, и врз основа на таа декларација или резолуција понатаму да го бра ниме македонскиот идентитет, да ја браниме македонската посебност, рече Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста