Учат онлајн, а надвор играат заедно, се повеќе професори против онлајн настава

Се повеќе просветни работници се против онлајн наставата. Кољо Димитриевски е наставник по физичко воспитување веќе 4 децении.Смета дека по примерот на многу други земји, можеше и има начини како нормално да продолжеше учебната година.Учат онлајн,а истите деца вели, надвор играат заедно. Конкретно за неговиот предмет, невозможно е да има квалитетна и продуктивна работа преку компјутер.

-Јас мора да имам надзор конкретен над ученикот, што работи и како, дали правилно ги одржува вежбите, ако не ги изведува правилно ако нема правилно дишење, бадијала му е вежбата.А просторно, во затворен простор знаеме дека не се одржува физичко, особено не во соби од 10-15 квадрати, изјави Кољо Димитриески-Наставник по физичко воспитување

Барем од второто полугодие мора да се бара начини за враќање на учениците во училиште, вели Димитриевски.Децата имаат енергија која мора да ја истрошат,оти седењето дома пред компјутер ги прави нервозни.

–Наставник по физичко воспитување (Едноставно енергијата што ја имаат мора да ја потрошат некаде, дома седејќи стануваат нервозни.Колку и да се приврзаници на тие комјутери и телефони, сака детето активност да има, мора да има, вели Димитриески

На негативните , особено здравствени ефекти врз децата од онлајн наставата, предупредуваа и лекарите.Во многу европски земји се е затворено, освен училиштата, кај нас обратно, што е тотално неправилно, заклучува Димитриески.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста