Мицкоски: Потребно е фискално релаксирање, помош за март и да не се враќа државната помош

Профитерски ќе се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека се можни три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг.

Според првото сценарио тој вели на крајот на годинава ќе има 700 милиони евра дефицит или зголемување на јавниот долг на ниво од 59,5%. Второто сценарио пак како што вели предвидува пад на приходите во буџетот од цели 30 проценти или дефицит од прилика од една милијарда евра.

И третото сценарио каде што е предвидено пад на приходите во буџетот од 30 проценти.

„ Она што ние го предвидуваме, а тоа е дека неопходно на стопанството ќе му бидат потребни отприлика 4,5 проценти од бруто домашниот производ, практично тоа е помош на македонската економија директно би требало да биде обезбедена од надворешните финасиери што би значело дека во првото сценарио со намалување на приходите од 20 проценти ќе имаме отприлика зголемување на јавниот долг на ниво од 64 проценти, во второто сценариот ќе достигнеме јавен долг од 65,5 проценти, и додека во третото сценарио ќе имаме намалување од 40 проценти од приходите во буџетот, ќе достигнеме ниво од 68,2 проценти“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека министерството за финансии прифатило дел од нивните предлози.

„Имено, што опфаќаше таа уредба, опфаќаше периодот кога се обврзани работодавачите да ги задржат вработените до септември се намали до јули, понатаму втората мерка која што ја предвидувавме е зголемување на опфатот на компании кои што можат да ја користат оваа уредба гледаме дека тоа го презентираше денес ресорниот министер и она кое што прсктично е можеби најважно е кога велевме ние дека најголемиот дел од компаниите доделиле определена награда, бонус, или пак распредлиле дивиденда на почетокот од оваа година и тие истите не можат да ја користат евентуалната помош од владата, видовме денеска дека владата практично одлучила да не додели помош на оние компании кои што евентуално ќе доделат дивиденда, добивка или бонус во месеци април и мај што е практично и не возможно имајќи во предвид состојбата во која што се наоѓа македонската економија “, додава Мицкоски.

Тој апелира да се донесе и уредба со која компаниите кои ќе остварат профит да не мора да ги враќаат парите од државната помош и државата да им даде пари и за месец март. Тој додава дека добро е што македонската влада почнала да слуша и бара да ги прифати и останатите мерки кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста