Во гаража, пронајдено запалено тело на прилепчанец

Нешто пред 18 часот попладнево, во гаража на улицата „Никола Карев“ во центарот на Прилеп, откако забележале густ чад кој се ширел од објектот, соседи го пронашле изгореното тело на својот 65-годишен сосед со иницијали М.К. Според изјавите на соседите кои сакаа да останат анонимни, и покрај нивните обиди со лопати и земја да го изгаснат веќе опожареното тело, нивните обиди, за жал останале безуспешни. Меѓутоа, оние кои што сакаа да зборуваат во камерата на Алфа, изјавија дека сега починатиот бил мирен семеен човек со три возрасни деца, но и дека последните неколку години имал проблеми со психичкото здравје.

Од прилепската ТТПЕ изјавија дека по дојавата за пожарот, во гаснењето на истиот пристапиле со две противпожарни возила, без притоа да откриваат повеќе детали дали станува збор за убиство или самоубиство.

Инаку, според изјавите на некои од соседите, сега починатиот имал извесни недоразбирања со неговиот сосед, кој бил од ромска националност и од кого подолго време, наводно добивал закани по неговиот живот. Оттука, дали станува збор за самоубиство или убиство, треба да утврди истрагата која е во тек. Во обидот да дознаеме нешто повеќе за оваа трагедија, новинарските екипи од страна на јавниот обвинтел на груб и непрофесионален начин бевме отстранети од местото на настанот.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста