Мицкоски на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се бориме за формирање на ново мнозинство, но не власт по цена на нашите принципи и вредности врз кои почива македонската држава
Во тек е заседавање на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата, како што дознаваме, станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластил лидерот Христијан Мицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство. Мицкоски во обраќањето пред членовите на Централниот комитет изјави дека ќе направи се што е во негова моќ да обезбеди мнозинство за состав на новата влада, но власт не по секоја цена.
Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме, а врз кои почива идејата за ВМРО и современата македонска држава, изјави Мицкоски, по што имало громогласен аплауз. Расправата продолжува дискутирај по повеќе точки од дневниот ред.
КАТЕГОРИИ Македонија