Математичка анализа на епидемијата- лимбо ситуација помеѓу новозаболените и оздравените

Бројот на новозаболени од Ковид- 19  наспроти оздравените и починатите е речиси изедначен и создава една лимбо ситуација, во која, епидемијата праволиниски продолжува. Универзитетскиот професор од Битола д-р Дејан Трајковски кој со поставени математички модели и статистички анализи ја следи епидемијата од нејзиниот почеток на дневна основа, го пресмета и базниот репродукционен број, кој во текот  на експоненцијалниот раст имаше вредност три, за време на пикот слезе до единица и со мерките, падна на вредности помали од еден. Меѓутоа, по олабавувањето на мерките, сега повторно расте и овој нагорен тренд за десет дена ќе достигне цифра од над 2000 заболени.

Заклучно со денешниот ден, ние гледаме дека брзината на заразување е константна со некои дваесет нови случаи на ден. Занчи, нема експоненцијално зголемување ни намалување, меѓутоа, на краток рок еве ако земеме хоризонт од 10 дена. На пример, заклучно со 25 мај се очекува минимален број од 1912 заразени и 2112 максимално, со средна бројка од 2010 со сигурност од 98%- рече професор д-р Дејан Трајковски.Изјава 1

Според  анализите на битолскиот професор, трендовите многу лесно можат да земат загрижувачки замаф и да загрозат две третини од популацијата.

Доовлно е да се појават истовремено две три жаришта во неколку градови и за час ситуацијата повторно да ескалира и да премиена во нагорна геометриска прогресија. Дури и во најповолното сценарио, денеска да започне намалувањето на новозаразени, нам ќе ни требаат најмалку уште два месеца додека не дојдеме до нивото на спорадично заразување. Но, денешните бројки се многу полоши и кажуваат дека нема таков рок. Значи, со ова рамномерно забрзување, тоа може да продолжи с`е до заразување на две третини од популацијата- рече битолскиот професор.

Бидејќи и изборниот процес за парламентарните избори , кои се с`е по извесни, ќе има свој одраз врз епидемиолошката состојба со реалност од експоненцијален раст на новозаразени и можна геометриска прогресија, Трајковски вели дека избори ни се потребни само со електронско гласање.

Што се однесува до изборите, ако мене ме прашувате, сметам дека решение е електронското гласање од дома. Меѓутоа, ние имаме недоверба и граѓаните ја изгубија довербата и се плашат дека некој можеби ќе ги следи и гласањето да резултира со голем процент на апстиненција.- рече професор Трајковски.

Бидејќи базниот репродукциски број доловува егзактна емпирија околу експоненцијалните вредности на новозаболени и оздравени, мајските прогнози се неповолни, а битолскиот професор апелира за социјална дистанца и дисциплина за сопствена заштита на граѓаните.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста