Малите партии, со исклучок на НСДП – партнери на Ковачевски си молчат, не кажуваат дали заедно со него ќе се тркаат на избори

Малите партии, со исклучок на НСДП – партнери на Ковачевски си молчат, не кажуваат дали заедно со него ќе се тркаат на избори

Ќе останат ли СДСМ сами за претстојните избори? По најавата за излегување од владата на партијата на Таравари, се поставува прашањето дали и другите коалциони партнери на Ковчаевски размислуваат за напуштање на политичкиот брак или пак за дали би коалицирале и по изборите со социјал-демократите.

Од ЛДП и ДОМ не одговорија на прашањата на Алфа. Но ако останат доследни на нивните политики и барања, особено оние за една изборна единица, си стои дилемата  дали сакаат да коалицираат со партија која им ветила тоа што го бараат и не го исполнила.

Несогласувања, особено на паријата на Морачанин, односно ДОМ, со политиките на Ковачевски имаше на повеќе теми. И ЛДП бараше една изборна едница, и тие извисија. Се пореално е дека од таквите очекувања нема да има ништо, бидејќи се бликжат изборите, а на 6 месеци пред одржување на истите, изборниот законик не смее да се менува.

И партијата на Зајкова не се согласуваше со законот за аменстија. И од ЛДП останаа неми на прашањата дали ќе останат со СДСМ и дали би коалицирале со Ковачевски постизборно.

Само од НСДП се одважија да одговорат. Од партијата на Мисовски, кој е и еден од потпретседателите на Законодавниот дом, велат дека тие се лојален коалиционен партнер.

За претстојните изботи НСДП ги отпочна разговорите со нашиот коалиционен партнер СДСМ. Како партија бевме кредибилен и лојален партнер во коалицијата. На престојните претседателски избори идејата е да поддржиме единствен кандидат кој што ќе ги застапува и промовира европските вредности. За истиот принцип ќе се залагаме и за парламентарните избори, велат од НСДП.

Претходно Демократски сојуз, односно Трајанов ја напушти владината коалиција заради францускиот предлог, а последната изјава на Таравари беше и повод дел од аналитичарите, но и поранешни пратеници да излезат со став дека Алијанса сака да се спаси од бродот што тоне и затоа ја напушта коалицијата. А излегување од политичкиот брак со Ковачевски можеме да очекуваме и од други партии.

Сега пред изборите може да очекуваме и многу други партии да го направат тоа. Јас претпоставувам дека на СДСМ сега ќе им се случи бродолом, ќе почнат да им бегаат многу коалициони партнери и тоа ќе се случува се повеќе. Оти сфатија тие дека следниот мандатар е Христијан Мицкоски и тој ќе ја составува владата, рече Трајче Димков – поранешен пратеник (15.11.2023).

Сеуште останува неодговорено прашањето дали евентуалниот пораз кој според анкетите го очекува СДСМ, ќе се обидат да го амортизираат со заеднички листи со ДУИ за парламентрните избори, и со заеднички кандидат за претседателските.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста