МАКЕДОНСКИТЕ ОДБОЈКАРИ ПОКАЖАА КАРАКТЕР, ПО ВТОР ПАТ ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД ЕП

Македонските одбојкари по голема борба протв Турција успејаа да слават во последниот меч од квалификациската група Ц со 3-1 со што обезбедија нов настап на Европското првенство. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ покажаа сила, концентрација и карактер кога беше најпотребно а наградата е ново учество на континенталниот собир за одбојкари. Македонија на дуелот во Скопје во “ СЦ Борис Трајковски“ вечерва го загуби само вториот сет, а до тирумфот ја предводеа капитенот Ѓорѓиев со 24 поени, како и Љафтов кој забележа 23 поени. Севкупно квалификациите за ЕП не се комплетирани, кога во прашање се дел од останатите групи, но Македонија по денешниот епилог сигурно ќе биде дел од завршницата што секако е нов огромен успех на оваа генерација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста