Македонските историчари покажаа храброст и кренаа рачна: Засега нема договор со Бугарија

Македонските историчари, за разлика од власта, покажаа храброст им кажаа не на бугарските колеги. Барем засега не се прифатени уцените и условувањата од Бугарија. Додека реториката на премиерот Заев ги задоволува сите бугарски барања, оние на кои работа им е историјата не го прават тоа. Немало согласност меѓу двете страни околу придавката „македонски“ во записниците од состаноците на Комисијата, а македонската страна не можела да го прифати инсистирањето на бугарските колеги за унисоно гледање на самоиловата држава. Околу Гоце Делчев се разговарала на крајот и како и за се останато, не било договорено ништо.

-Тука главен проблем е употребата на придавката „македонски“. Постои различно толкување на преспанскиот договор. Според бугарските колеги употребата на придавката македонски е речиси од нивна страна лимитирана целосно, без оглед на тоа како е запишано во тој договор и како се толкува договорот од наша страна, изјави Драги Ѓорѓиев.

Дека нема никаков напредок по денешната средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, потврди и копретседавачот на бугарскиот дел од комисијата, Ангел Димитров. Како што вели тој, напредокот постигнат на оваа средба бил „нула“.

-Поважно е да ја завршиме работата после средниот век, османлискиот период, и на проблемите, настаните од помодерната епоха. Тоа е основната цел кај нас и пред нас, изјави Ангел Димитров.

Ваквиот развој на настаните значи дека Македонија речиси сигурно останува без старт на преговорите за членство во Европската унија и покрај сите зборови досега кажани од премиерот, кои и повеќе од јасно ја променија позицијата на Македонија, со која во наредниот период ќе треба да преговара со Бугарија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста