Македонските болници тонат во долгови – вкупиот заеднички долг е близу 100 милиони евра!

Огромниот финансиски дефицит на македонските здравствени установи не е тајна. Кризата со пандемијата на Коронавирусот дополнително ги заглави во долгови „до гуша“.

Државните болници должат речиси 100 милиони евра. На крајот на минатата година болниците, клиниките и здравствените домови заедно должеле 68 милиони евра, а дополнителни речиси 30 милиони се во недоспеан и неплатен долг. Дел од нив работат со блокирани сметки, па едвај на време ги исплаќаат вработените. Не можат да си ги дозволат неопходните давачки како струја, вода, медицински потрошен материјал итн.

„АЛФА ТВ“ за овој сериозен проблем побара објаснување од Министерството за здравство, а оттаму иако ветија, одговор се уште не испратија.

Ги контариваме и дел од директорите на болниците, но никој од нив не беше располжен да даде изјава. Дел од нив признаваат дека имаат сериозни финансиски проблеми, но рекоа дека од Министерството немале дозвола да даваат изјави на оваа тема.

Должничката листа на македонски болници со блокирани сметки е голема. Според податоците од Министерството за финансии, прва на листата е Клиниката за Онкологија со доспеан долг од 6,4 милиони евра заклучно до декември 2021. Зад неа се Градската болница „8 ми септември“ и Институтот за Трансфузиона Медицина со идентичен минус од 4,3 милиони евра. Во однос на тоа кој колку е задолжен, податоците од министерството за финансии покажуваат дека Општите болници заедно должат 14 милиони евра, додека сите клиники во државната болница должат 34 милиони евра. Останатите 20 милиони евра им припаѓаат на здравствените домови и институции.

Овој проблем се провлекува со години, но стана волку сериозен со почетокот на пандемијата. Трошоците на здравствените установи се драстично зголемени, а нивните буџети во најголем дел се непроменети.

Слаѓан Ивковиќ

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста