Здружение на историчари: антимакедонската политика на владата води кон рекомпонирање на македонскиот идентитет

Македонскиот идентитет не може да биде заштитен во услови кога се преговара за неговата историска содржина, вели професорот по историја Митко Панов на научна трибина за последните обиди за редефинирање на фашизмот и антифашистичката војна. Ако се продожи со ваквото обезличување на историјата, политичките преговори ќе го направат македонскиот народ и историја историски невалидни е ставот на експертската јавност.

-Политички наметнатиот ревизионизам има сосема поинаква цел и директно задира во самиот карактер на антифашистичката војна што ги доведува во прашање историските придобивки на АСНОМ. Сето тоа треба да најде финална реализација преку промената на националниот наратив, со што историски генерациски ќе се делегитимира маледонската посебност , вели Панов.

По ултимативните барања кои ги наметнува Бугарија и темпото кое го диктираат тамошните политичари, не јасно е како македонските историчари кои ја водат историската комисија си дозволуваат ревидирање на македонската самобитност, вели поранешниот директор на Институтит за национална историја, Тодор Чепреганов кој жестоко реагираа на обидот на Претседателот на мешовитата комисија за историја, Драги Георгиев да го амнестира фашизмот.

– Преговараат како што? Како бугари со бугари или македонци со бугари. Ако некој не те признава, како може да ти прифати нешто…ти можеш само да прифатиш од него. Бугарите ни прават ревизија на сето она што како колективна меморија го има македонскиот народ, вели професорот Чепреганов.

За професорот по филозофија Трајче Стојанов, договорот за добрососедство, не е ништо друго освен продолжение на она што беше започнато со Преспанскиот договор.

Македонските историчари и инетлектуалци кои преку писмо повторно се обратија до власта, реагираат на, како што велат, антимакедонските дејствија на нашата влада, чија агенда, според нив, полека, но сигурно водела кон рекомпонирање на македонскиот идентитет и на сите негови чинители – јазикот, културата и колективната меморија. Осврнувајќо се на историскиот спор кој го наметнува Бугарија околу Гоце Делчев, експертската јавност е единствена дека правото за чествување на Делчев им припаѓа само на Македонците.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста