Македонската влада го пречека Дендиас со сменето име на Археолошкиот Музеј

Таблите со „Скопиа“ и меморандумите со обврски за Грција остануваат не променети, ама затоа македонската влада побрза во очи на посетата на грчкиот министер за надворешни Никос Дендијас на земјава, да го смени името на Археолошки Музеј и целосно да ја отстрани таблата на улицата Филип Втори и да ја прекрсти во Стив Наумов.

Грција била задоволна што Македонија менува се на што е договорено во Нивици, ама Дендијас ги избегна новинарските екипи и не одговори до каде е грчката влада со имплементација на Преспанскиот договор.

Македонската влада пак била задоволна што Грција останувала стратешки партнер на Македонија во интеграциите. Министерот Османи вели дека неимплементацијата на трите меморандуми кои беа потпишани уште во 2019-та биле технички проблем, а неменувањето на таблите низ Грција било одлука на локалните власти. и покрај сите отстапки, Османи не мислел дека преспанскиот договор може да биде поништен.

Дендијас во еднодневната посета на Македонија на маса седна и со премиерот Заев и претседателот Пендаровски, кој до крајот на месецот според најавите, оди во посета на Грција.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста