Македонија балкански рекордер по смртност од Ковид- 19

Македонија меѓу европските држави е во врвот со стапката на смрност од корона- вирусот, а во споредба со балканските држави е рекордер по бројот на починати, според просекот на еден милион жители. Во статистичките анализи и изработените дијаграми, врз основа на поставени математички модели и алгоритми, универзитетскиот професор од Битола д-р Дејан Трајковски вели дека за разлика од дијагностицираните од Ковид- 19 кај кои имавме два јасни пика, кај починатите промените се менуваа во бранови со еден основен експоненцијално растечки тренд.

– Ние, за жал, сме неславниот рекордер на Балканот од избувнувањето на епидемијата и до денес имаме најголем број на починати на еден милион жители во оснос на сите балкански држави, бклучувајќи ги и Турција со Косово. Во последниве два дена го забележуваме повторното излегување на базичниот број на единица, што е лош показател за сите наредни прогнози- рече д-р Дејан Трајковски.

Во анализата на битолскиот професор, до 15 јули, може да се очекува бројка на вкупно заразени од 7. 550 до 8. 650 лица, или со средна вредност 8.100 новозаболени. Исто така, дури и многу попрецизно, до денот на изборите може да се пресмета и бројот на починатите.

– Го измеривме многу точно временскиот интервал на дијагностицираните до смртта и тој изнесува само осум дена, што значи, сите што беа запишани како отворени случаи во последните осум дена, при стапка на смртност од 6 проценти, со голема сигурност можеме да прогнозираме дека меѓу нив ќе има починати. Конкретно, до денот на изборите, интервалот на доверба за 95% сигурност е од 408 до 443 починати, со средна вредност од 429- рече д-р Трајковски.

Последното олеснување на мерките беше во средата, а во исто време започна кампањата и за растот на репродукциониот број не моравме да чекаме, со точно сериски интервал од 4, 5 дена започна тој благорастчки тренд. Всушност, во цело ова време вредности на R-0 под единица се повеќе исклучок отколку правило, како последица на непримена на мерки- рече битолскиот професор.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста