Трипуновски спречен да оствари средба со прилепските ловци во Старата општинска зграда

Техничкиот Министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, вечерва спречен во обидот да оствари средба со прилепските ловци, во просториите од Старата општинска зграда. И покрај вчерашната уредна најава во ЛС за настанот, за кој била добиена и дозвола, денеска чуварската служба, одбила да ги пушти внатре, со образложение дека тие не биле запознати. Она што беше уште почудно, беше повикано и дополнително обезбедување. Трипуновски во овој чин препозна паника, очај и опструкција од страна на власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста