Лекарска комора го замрзна членството во И.О. на лекарот што извади јајник, матка и бубрег на родилката од Дебар

Лекарската комора во одбрана на колегата Мухамед Асани по скандалот со родилката од Дебар. Докторите од Комората немаат одговор што содржи документот од стручниот надзор врз работата на гинекологот од Струга кој на родилката Јилдз Веапоска и извадил јајник, матка и бубрег. Велат увид во документот немале иако и јавно излегоа со став дека лекарска грешка не била утврдена.

„Како претседател на Лекарската комора не сум дел од работењето на ниту една таква комисија. Како претседател не значи дека имам слобода да земам увид и да читам документи. Јас сум гастроентеролог, ама кога одев на пораѓај со царски рез точно знаев дека можат да се случат компликации и дека ако почне крварење тоа може да заврши со вадење на матка“, рече престедателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

„Постојат рани и касно компликации во секоја интервенција. Тука никој ниту може да предвиди, ниту може да каже која од компликациите може да настане“, вели заменик претседателот на Комората, Илмер Бесими.

Асани до вчера беше член на Извршниот одбор на Комората, но неговата функција во ова тело е ставена во мирување и тоа поради притисокот од јавноста, признаа од Комората. Велат за целиот случај натаму биле надлежни други институции, Министерството и Обвинителството.

„Судското вештачење е сосема поинкава процедура која се спроведува од други надлежни институции. Во овој дел настана онаа конфузија која што се постави Лекарска комора во улога на суд. Ние не сме регулативно тело, нашето мислење односно нашиот надзор е само стручно мислење“, додава Старделова.

Откако и министерот за здравство одби да зборува кои лекари го составиле извештајот за стручниот надзор, и од Лекарската комора не сакаа да говорат за имиња. Велат таа информација била „загарантирано безбедна“.

Во меѓувреме, адвокатот на родилката Јилдз Веапоска, Сашо Јанев најави дека повторно ќе бара вештачење за да докаже дека органите се извадени здрави. Тој се уште го извештајот од Лекарската комора, но од Комората се децидни дека барање за увид во документацијата кај нив не било стигнато.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста