Културната дипломатија на Македонија со врзани раце

Културната дипломатија на Македонија со врзани раце

Културната дипломатија на Македонија остана со врзани раце. Министерството за култура потроши 14 милиони евра за финансирање на културни проекти од национален интерес, со особен акцент на меѓународните односи, но напразно. Министерката цитираше криетериуми, но, очигледно, тие биле само за пред медиуми.

„Предност имаа квалитетните иновативни проекти кои ќе се реализираат во земјите претседавачи со европската унија, проекти кои ќе се реализираат во европски престолнини на култура, проекти кои се во функција на унапредување на стратешкиот дијалог со САД, проекти за продлабочување на соработката со дијаспора, проекти за регионална соработка и поврзување“– рече Бисера Костадиновска, министерка за култура.

Според министерката, критериум било македонски артисти или уметнички здруженија да имаат свои перформанси или изложби во Будимпешта и Брисел, како претседавачи со унијата, во Естонија, Норвешка и Австрија, кои годинава имаат градови прогласени за европски културни центри, како и во САД, како македонски статешки партнер. Но, власта не успеа во своите заложби. Експертот за културна дипломатија, Васко Шутаров, алармира за крајно неодговорниот пристап на надлежните, бидјеќи од над 3000 апликанти и потрошени милиони евра, министерството не нашло за сходно да си ги испочитува сопствените критериуми.

„Што мораше државата да направи. Денови, недели и месеци на макеоднска  култура, во Париз најургентно, во Берлин, во Лондон, во Вашнгтон, во Пекинг, во центрите на светска моќ кои што одлучуваат за Македонија, да стане препознатлива оваа држава, дека не е од вчера“ – Васко Шутаров – Експерт за културна дипломатија.

Од министерството за култура, на прашањето на Алфа, кои артисти или уметнички здруженија добија од државната поддршка за да не престават помеѓу дисјаспората и земјите кои тие ги избраа како главни критериуми, но, оттаму избегнаа конкретен одговор.  

„Сите поддржани проекти во рамките на Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, вклучително и проектите за меѓународна промоција, се објавени на веб-страницата на Министерството за култура“ велат од министерството.

Шутаров додава дека Македонија нема економска, трговска или воена моќ која може да ја проектира дипломатски, па ни останува културата, односно меката моќ, која власта не знае правилно да ја искорсти. Вели дека ова ќе има силно негативно влијание на македонската дипломатија.

Дипломатија со страв, дипломатија со срам, дипоматија со комплекси, наместо дипломатија која што храбро, отворено ќе влезе во витешка, дипломатска, политичка и културно натпреварување. Нашата максима со која што како народ и нација се гордееме”, изјави Васко Шутаров – Експерт за културна дипломатија.

Тој додава дека со оваа несериозност на власта, наместо по убавини, Макеоднија че остане меѓународно позната како земја на сиромаштија и меѓусоседски проблеми.

Никола Цветковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста