Ковачки: Ако не може да има две опозиции во Влада, зошто и новите министри се од АА, за која се смета дека е опозициски наклонета?

Ковачки: Ако не може да има две опозиции во Влада, зошто и новите министри се од АА, за која се смета дека е опозициски наклонета?

На 143-тата собраниска седница пратениците расправаат за именувањето на новите министри. По расколот во Алијанса за Албанците и разрешувањето на Фатмир Меџити и Азир Алиу ќе се гласа за новите министри. Илир Демири во министерството за здравство и Наим Бајрами за информатичко општество и администрација.

Откако претходните беа разрешени а техничкиот премиер во своето образложение рече дека Алијанса за Албанците имала наклонетост кон опозицијата и не можело да има две опозициски партии во техничка влада, тој уште еднаш ја покажа својата контрадикторност – и новите министри се од Алијанса за Албанците, ама од крилото на Зијадин Села. Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, крајно несериозно е да се разрешуваат министри поради статуси на социјални мрежи а притоа самиот технички министер да каже дека нема замерки за нивната професионалност. Тука се отвора дилемата дали професионалноста е воопшто критериум за именувањето на новите двајца министри?!

„Откако техничкиот премиер беше нарекуван со пофални зборови, како Ајнштајн, сега можеме да го наречеме и крал на контрадикторноста. Рече дека не може да има две опозициски партии во техничката влада, се повика на „фејсбук“ статус, дали е тоа сериозно воопшто? И врз основа на тоа да води политика. И да не може да има две опозициски партии, како е можно повторно од истата партија да предлага министри? Ваква контрадикторност секогаш има кај Џафери. И денес, неговото образложение е контрадикторно. Тие сами си признаа дека не се разрешени заради нивната професионалност, што значи дека и новите нема да бидат избрани по критериумот професионалност“ – порача од собраниската говорница пратеникот Драган Ковачки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста