Ковачевски призна дека просечната плата не е доволна
Нова програма, стари ветувања. Замрзнуваа цени кои по истекот на мерката рапидно се зголемуваа, зголемуваа плати само колку да се каже, народот гладен, а СДСМ пак ветува поголеми примања , оти овие и сами си признаа не биле доволни.
Првиот човек на СДСМ, Ковчаевски во трка за глас плус за изборите кои следат, ја повторва реториката на неговиот претходник. Ќе ја зголемеле просечната плата до 1000 евра, зошто свесен е дека со нивните покачувања кои ги правеа не се стигало се да се купи.
Денеска просечната плата изнесува 650 евра или речиси 300 евра повеќе од 2017 година, некој ќе рече не се доволни и јас се согласувам, знам дека не е доволно и затоа во новиот мандат обезбедуваме 1.000 евра просечна плата и 600 евра минимална плата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Пет години откако СДСМ ветија подобар живот, се чини паролата отана само празна флоскула. Зголемувањата на платите ги видовме само во статистика, но не ги почуствувавме.
Просечната плата во 2018-та година била 25.784 денари, а минималната синдикална кошничка 32.671 денар. Тоа значи дека со една плата можеле да се наполнат 79% од кошничката.
Во 2024-та просечната плата е 39.998, но затоа кошничката е дури 57.476 денари, па со една плата се полнат само 69%.
Тоа значи дека откако ДУИ и СДСМ се на власт просечниот стандард не само што не е подобрен туку е влошен и тоа токму за 10 процентни поени.
Преку бројки тоа би изгледало вака:
Година Потрошувачка кошничка Просечна плата
2018 32 671 25 784
2019 32 732 26 836
2020 33.696 28 294
2021 35.042 29 943
2022 43.163 34 364
2023 56.522 39 998
2024 57.476 39 998
И покрај ваквата фактичка состојба, Ковачевски вели дека СДСМ е опција која обезбедува подобар животен стандард за граѓаните.