Наместо достоинствен пензионерски живот, владата предводена од СДСМ ги доведе пензионерите на работ на егзистенција

Наместо достоинствен пензионерски живот, владата предводена од СДСМ ги доведе пензионерите на работ на егзистенција

Нови пензионерски домови, пензионерски заедници, предвремено пензионирање. Пред да дојде на власт, СДСМ ветуваше мед и млеко за највозрасните во Македoнија. Но, седум години подоцна, не ги исполни заложбите оти ќе поместува брда и долини за пензионерите.

Поранешниот претседател на сојузот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски, вели дека околу 250 илјади пензинери живеат на работ на егзистенција, без достоинство со пензија помала дури и минималната плата.

Околу 250.000 пензионери живеат под минимална плата, значи под 20.000 денари, што можете во оваа скапотија со тие пари да живеете“, рече Драги Аргировски, поранешен претседател на Сојузот на здруженија на пензионери.

– Ќе субвенционираме сместување во старски домови за пензионерите со ниски примања, без поддршка од семејството и без сопствен имот.

– Ќе воспоставиме пензионерски заедници, со организирано домување на стари лица.

– Државата ќе им помогне на пензионерите со ниски примања, кои немаат свој имот и немаат поддршка од семејството, да бидат сместени во старски дом.

…пишува во предизборната програма на СДСМ, „План за живот во Македонија“ во кој исто така се најавуваше и изградба на нови државни пензионерски домови.

Драги Аргировски вели дека освен ниските примања, македонските пензионери уште повеќе ги тишти и тоа што најголем дел од нивните деца и внуци заминале во странство зашто повеќе не ја гледаат иднината тука.

„Стандардот на пензионерите значително се намали, и затоа пензионерите се незадоволни. Првпат во историјата на пензионерското организирање, по ослободувањето, досега, се случи пензионерите да протестираат“, додаде Аргировски.

Пензинерите со кои разговаравме сметаат велат дека се чуствуваат разочарани и изневерни од власта, бедејќи на нив се сеќаваат само пред избори им ветуваат се и сешто, а потоа чекаат инфлацијата да им ги изеде пензиите, за малку да им ги покачат.

– Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело на територијата на Република Македонија.

– Ќе воведеме можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија – се дел од другите ветувања во „Планот за живот“.

За прв пат во изминатите 30 години, ниските пензии лани со месеци беа беа причина за масовни протести низ речиси сите градови низ Македонија.

Според најновите податоци на Фондот за пензиско во Македонија во декември лани, од вкупно 338 илјади пензионери, дури 43% имаат месечни примања под 16 илјади денари, а уште 20% имаат примања до 20 илјади денари. Просекот го креваат малкумина, помалку од 1% имаат пензии поголеми од 54 илјади денари.

По седум години власт на оската СДСМ – ДУИ, тие не успеаа да ги остварат голем дел од ветувањата за највозрасните граѓани, а во моментов, просечната пензија е пониска и од минималната плата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста