Ковачевски и натаму одбива конкретно да одоговори за скандалот со изралескиот ПР стратег

Ковачевски и натаму одбива конкретно да одоговори за скандалот со изралескиот ПР стратег

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски и натаму одбива конкретно да одговори како го плаќале ангажманот на израелскиот маркетинг стратег, Асаф Еисин да ги спасува од нискиот рејтинг кај гласачите. Иако претседателот Стево Пендаровски веќе потврди дека се сретнал со Еисин кој му го донеле социјалдемократите, Ковачевски и натаму одбегнува директно да одговори на прашањата за ангажманот на израелецот, за кој нема никакви детали во ревозирските извештаи на партијата.

  • Јас знам со кој јас се среќавам, кој на мене ми работи политичка кампања, а тоа кој ќе ги подготвува сите материјали кои ќе се однесуваат на изборите, кои што ќе ги гледаме и на билборди и на телевизија и тн… Тоа ќе биде одлука на штабот и секако дека тоа ќе биде поднесено во финансиските извештаи на партијата. – Изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Скандалот со ангажманот на Еисин го обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој побара одговори како и за колку СДСМ го агажирале израелскиот стратег. Николоски повеќепати предупреди дека криењето на ангажманот на ПР стратегот и начинот на кој што тој бил плаќан од страна на СДСМ е сериозен сомнеж за кривично дело и прекршување на изборните правила и законите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека како и секогаш, Пендаровски, Ковачевски и СДСМ кога се фатени во скандал или криминал се служат само со навреди, лаги и манипулации наместо да дадат конкретни одговори на релевантни прашања поврзани со скандалот.

  • Повеќе од десетина дена, откако признаа дека се среќавале со контроверзниот израелски консултат Еисин, нема одговор како тој е ангажиран во нивната кампања, како го исплаќаат и дали тој е ангажиран за црна кампања, кампања на поделби и етикетирања. – Стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Додека јавноста се сомнева за странски влијанија во престојните избори, институциите и натаму молчат. Се уште нема истрага или друга постапка која ќе фрли светло и ќе ги расчисти или потврди сомнежите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста