ЕУ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра поради злоупотреби

ЕУ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра поради злоупотреби

Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра поради злоупотреби на програмата Еразмус плус. Од Европската комисија на 30 ноември 2023 година испратиле известување до македонските институции, а во текот на март одлуката станала конечна.

Од националната агенција за европски образовни програми и мобилност потврдија дека кај нив пристигнала одлуката од Евопската Унија, од каде што велат дека заедно со владата се обидуваат да изнајдат соодветно решение.

Инаку, Македонија го достигнала рекордот за истраги на ОЛАФ во 2021 година, кога имало најмногу отворени предмети за евентуални злоупотреби на пари од европски фондови. Според извештаите на Европската служба против измами, таа година имало дури 8 истраги.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста