Комуниколози: Без квалитетен однос со медиумите нема успешна кампања

Комуниколози: Без квалитетен однос со медиумите нема успешна кампања

Митинзи, средби со граѓани, трибини, посети од врата на врата, инстаграм и тик-ток промоција – претседателските кандидати во трка со времето како да ги слушне секој гласач во Македонија. Додека дел од претендите за шеф на државата, се фокусираат на секој начин да дојдат до граѓаните и медиумскиот простор, други пак се промовираат на социјалните мрежи и билборди. За комуниколизите успешната кампања во никој случај не ги исклучува традиционалните медиуми.  Бојан Кордалов за Алфа вели дека политичарите треба да ги привлечат граѓаните за да ги слушаат нивните пораки, а не да им се појавуваат од секое ќоше.

  • Не постои успешна кампања без квалитетен однос на кандидатите и кандидатките и нивните тимови со медиумите. Такво нешто не постои. Бидејќи залудни се илјадници настани, ако медиумите не дојдат и не ги покријат настаните, и немаат професионален однос да можат да постават прашање, да интервенираат, да можат да отворат дилема, едноставно ние немаме да имаме успешна кампања бидејќи пораката ќе остане само во партиските кругови“ – цени Кордалов – комуниколог.

Во отуство на резултати зад себе, дел од кандидатите се фокусираат на оцрнување на противниците. Според познавачите негативната кампања е резултат на недоостиг на идеи за решенија и полесен пат за да се одземат гласови од противникот иако тоа не е гаранција дека тие гласови би завршиле на нивното конто.

Пикот на црната кампања допрва ќе следува, но според Кордалов таа сама по себе не дава резулати, но и овие избори циклуси ќе биде примарна алатка.

  • Никогаш црната кампања не може да ве доведе до посакуваниот ефект. Негативната кампања односно критиката и нудењето решение, е нешто што е многу различно и нешто што е потребно. Значи, ако сте власт мора да бидете самокритични и да кажете што не чини, а кога сте опозиција да кажете што не чини и како ќе го подобрите“ вели Бојан Кордалов – комуниколог.  

Македонија памети низа на обвунувања меѓу политиките партии и енормно користење на црна кампања во предизборието, како најеклатантен пример кој не донесе победа на креаторот на црна кампања, беа присклушуваните разговори кои беа коритени како алатка за оцрнување на противникот, но и покрај тоа на тие избори СДСМ не беше победник, ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби поддршката на граѓаните, барем според бројот на освоени мандати.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста