Аналитичари:ДУИ и СДСМ нема да бидат фактор за формирање на Влада, идејата на Османи е тешка небулоза

Аналитичари:ДУИ и СДСМ нема да бидат фактор за формирање на Влада, идејата на Османи е тешка небулоза

ДУИ не може да биде фактор што ќе ги диктира условите за составување на новото мнозинство по изборите. Бројките покажуваат дека опозицијата од албанскиот политички блок им дише во врат, а ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ, па оттука расфрлањето со идеи за некаква Влада за национален спас која би се формирала откако ќе се изгласаат уставните измени служи само за мобилизација на членството и за попоплување на вакуумот поради отсуство на вистински план и програма.

Идејата на Бујар Османи која срамежливо е прифатлива единствено и за Димитар Ковачевски е небулозна и е индиректно признание за неминовниот пораз кој ги очекува, смета аналитичарот Синиша Пекевски.

  • Веќе и на врапчињата на гранките на дрвјата знаат дека опозицијата ќе победи, сега пробуваат некако да го ублажат тој изборен пораз и да остварат некаков подобар резултат, но со вакви глупави предлози кои можеа да ги спроведат и претходно. Всушност покажуваат дека бродот тоне дополнително и само и оној рејтинг што го имаат во моментов го намалуваат, смета Пекевски.

Тој вели, дека ако биле способни за решавање на проблеми, тие до сега ги го решиле прашањето за отоврање на Уставот на поинаков начин, со консенузс и инклузвност на сите релевантни фактори.

  • Ова е предизборен фолклор на овие две политчки партии и признаваат и е доказ дека они се неспособни да затворат едно поглавје кое е битно за Македонија. Досега имаа многу шанси они како Влада да го завршат тој процес и внесување на Бугарите во Уставот преку национален консензус со останатите политчки партии. Кога се гради стратегија се земаат сите релевантни фактори и ги повикуваш да се изгради стратегија, сега после свадба тапани е малку небулозно да разговараме и да предлагаат решенија кои кога беа на власт можеа комотно да ги спроведат во соработка со останатие политчки партии, вели Пекевски.

Инаку предлогот на Османи го отфрлија речиси сите политчки п

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста