Комплетно забранет влез и излез од домот за стари лица во Радовиш, станарите се во добра состојба

Сите станари кои во моментот се сместени во Домот за стари лица Астреон се во добра здравствена состојба. Пете лица кои се позитивни на Ковид-19 се изолирани во посебни простории, вели за Алфа сопственикот на домот Љупчо Захариев. Сите се стабилни, без симптоми и температура. И меѓу останатите 24 корисници од кои дел се тестирани комуникацијата е сведена на минимум. Тој денес со реакција по вчерашната најава од штипскиот Центар за јавно здравје дека од Комисијата за заразни болести ќе бараат домот да се стави во карантин.

-„Дали ќе се донесе таква одлука или нема да се донесе, на некој начин ние ја спроведовме таквата постапка. Комплетно е забрането влез и излез , со конкретна изолација на сите корисници. Бевме посетени од епидемиолошката служба. Се зедоа сите епидемиолошки податоци. Во постојан контакт сме со епидемиолозите и со одредени инфектолози„-изјави Захариев.

Вирусот во Домот за стари лица влегол преху хигеничарката која криела дека нејзиниот сопруг седум дена е со покачена телесна температура. Раководството го известила но откако добиле позитивен резултат, па поради тоа двајца од вработенните се позитивни, а за уште толку се чекаат резултати.  Двајца од позитивните станари се хоспитализирани во болниците во штип и скопје. Во мегувреме жариштето во штип не стивнува. денес се очекува бројка над триесетина новозаболени. Од епидемиолошката служба реагираат граѓаните да ја намалат социјалната комуникации и наместо по кафеани и клубови да седат дома. Најголем дел од новозаболените се текстилни работнички, а вирусот повторно се врати во  конфекциите каде што претходно имаше заболени. Од самиот почеток на епидемијата во Штип се затворени 11 конфекции, а работниот процес беше стопиран и во фабриката Мода во Свети Николе. Во моментот на штипска Инфектологија се хоспитализирани 51 пациент

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста