Клуч на врата за угостителските објекти кај Студенчшта угостителите бараат ист третман како Струга

Со поставување на службен знак и жолта лента, по уривањето на платформите и урбаната опрема на најатрактивните плажи на ривиерата,општинските инспектори целосно ги затворија објектите напотегот кај Студенчишта.Со ова, акцијата за рушење продолжува на потегот кај Канео, а започна од плажата Потшеш. Довчерашните концесионери кои уредно ги подмирувале сите давачки кон општината и државата,го повикуваат Артан Груби како што знаеше да се рашета по струшките плажи, да дојде и во Охрид под рака со премиерот Заев.

Се чудам како нашите колеги на кои им давам поддршка во Струга, работат со платен паушал од 2010-та, тоа е 11 години, а ние ние од 2018-та веќе немаме концесија, значи сме го подмириле секој денар кон општината со тужби а ние не работиме, зошто ?Ево му праќаме парака на вицепремиерот Артан Груби да не посети и нас,да ни го каже начинот како и ние да рабориме, ова е општество едно за сите во Македонија.Ево го повикуваме Премиерот Заев да ни ги даде истите услови како што тие работат во Струга наши колеги – изјави Томе Тримчев – концесионер.

 По добивање на решенија од локалната самоуправа за отстранување на објектот,сами почнавме прво да ја тргаме урбаната опрема,односно платформите иако не се во вода,туку пред самиот објект-вели Тримчев. Ние не сме криминалци, уредно се јавивме на лицитацијата во 2018-та која беше за жал многу лошо спроведена.Од 5 апликанти за плажите во гратското подрачје,сите 5 имаа неуредна или нецелосна документација и поради низа други недоследности, постапката никогаш не заврши, а ние останавме без можност да ги продолжиме концесиите,оставајќи сега на улица 30-тина вработени, додава Тримчев.

Приходите беа доволни за да се има убав живот и да се покријат трошоците, лично за  мене студентските трошоци.Имаше над 30 вработени од кои повеќето зависеа од таа работа и хранеа фамилии од таа работа вели вработен.

Дополнителен проблем е што сред сезона, атракртивната населба Канео ќе биде отсечена од градот, бидејќи има решение и за рушење на мостот на желбите.

Изјава Томе Тримчев-концесионер: Мостот е исто дивоградба и тој има решение за уривање.Не знам како ќе продолжиме понатака како ќе постапуваме. Апелирам да не се руши, да се допоправи да биде сигурен за граѓаните – вели Тримчев.

Концесиоените апелираат до градочалникот и власта да се најде заеднички јазик ,да не се затворат објектите до изнаоѓање законско решение за плажите кое ќе важи подеднакво за целата охридско-струшка ривиера.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста