Ќе се олабават мерките, полицискиот час ќе почнува од полноќ, кафулињата и кафеаните ќе работат до 23.30

Полициски час од полноќ и продолжено работно време на угостителските објекти – ова се дел од мерките кои Комисијата за заразни болести ги предложила, а биле усовени од владиниот кризен штаб. Новите олеснети рестрикции предвидуваат полицискиот час да почнува секој ден во 24 часот и да трае до 5 часот наутро. Угостителските објекти да работат до 23.30, а со работа да почнат и фитнес центрите и теретаните.

По долга пауза, дозволено ќе биде и организирање на културни настани, состаноци и едукативни курсеви на отворено со капацитет од 50 отсто и исти такви настани во затворен простор со капацитет од 30 проценти со задолжително носење на заштитни маски. За сега нема одлука за организирање на свадби, прослави и концерти, а останува и одлуката за носење на заштитни маски на отворен простор.

Комисијата предложила и зголемување на бројот на дечиња во градинка, од сегашните 15 на 20 во една група, што значи бројот би се зголемил за пет нови дечиња во секоја група.

Она што најгмногу ќе ги израдува здравствените работници, кои повеќе од 12 месеци неуморно работат во лекување на ковид позотивните пациенти, е одлуката на Кризниот штаб и тие конечно да здивнат. По бројните апели на фелата, медицинарите конечно ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.

Доколку бидат усвоени, мерките ќе бидат на сила од 12 до 18 мај.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста