Казни за брзо возење за 155 возачи, во Скопје за 32 возачи

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречи вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 прекршоци што ги чинат пешаците, 36 за непрописно паркирање. Низ земјата пак, казнети се 155 возачи за брзо возење.

Од санкционираните 155 возачи, 13 возилa возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 56 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место, информира МВР и предупредува дека и во наредниот период ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста