Казнети 222 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 222 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста