Во прилепско Инфективно, конечно се поставува централниот довод за кислород, пациентите распоредени во другите одделенија
Над 70 Ковид-пациенти, од кои половината се од Инфективното одделение, а добар дел од нив со тешка клиничка слика и на постојана кислородна поддршка, веќе втор ден се лекуваат на трите преадаптирани болнички одделенија во прилепската Болница. Ризичната преселба на пациентите била направена во неделата, бидејќи среде најголемата експанзија на пандемијата, на Инфективното одделние, се поставувава насушно-потребниот централен довод за кислород. Директорот се правда. Потребните средства за доводот биле обезбедени дури сега. И тоа преку донации од три прилепски фирми.
„Во првите барања од фирмите беа потребни околу 15 илјади евра за да се направи нештото. Во разговор со фирмите кои вршеа снабдување со CO2 беше исто така начинот на кој ќе се доведе гас. Знаете, не оди тоа така брзо. Значи, почнале преговорите, разговорите на почетокот на септември“ – се правда директорот на болницата, д-р Драган Богоески.
На Инфективното недостасува и кадар, особено болничари. А новите млади медицински лица кои времено се ангажираат, немаат никакво искуство, што дополнително ја усложнува и онака аларамнатната состојба. Директорот Богоески признава и дека немаат ниту антивирусна терапија, ниту протоколи за лекување со крвна плазма, а не знае точно ни на што се должи загрижувачката смртност кај прилепските пациенти.
Ова, се’ повеќе ги загржува и вознемирува и прилечани.
„Ме загрижува, прва работа, а втора работа – не сме дисциплинирани. Апсолутно мерките не ги слушаме. Многу се понашаме лабаво, како да не веруваме дека тоа е тоа. А гледаме дека цел свет го има тоа нештото“, вели еден прилепчанц.
„Голем проблем е тестирањето. Луѓето кои имаат проблеми, треба уште првиод ден да си знаат. А тие не можат да дојдат до местото, до термин за да може да се открие болеста. Ако навреме се сигнализира и се почне со терапија, тогаш сигурно дека ќе има резултат“, – вели друга прилепчанка.
Инаку, Прилеп со денови е на врвот од црната републичка листа и според бројот на новозаразени, но, за жал и на починати пациенти, чиј вкупен број достигна до 78.
Каролина Дурло