Каракачанов се закани со војска, македонската Влада без официјална реакција

Дали скандалозната изјава на Красимир Каракачанов ќе мине без реакција од македонска страна? Владата засега не планира да испрати протестна нота до Софија, откако бугарскиот министер за одбрана го понуди на помош инженерскиот полк од нивната армија, за отстранување на спомениците кои се проблематични за Бугарија. Новиот владин портпарол, Душко Арсовски, на својот прв прес, немаше одговор на прашањето дали Македонија официјално ќе реагира по ваквата изјава на Каракачанов.  

-(ПРАШАЊЕ: Би сакал да ве прашам прво околу изјавата на Красимир Каракачанов, со оглед на тоа што доаѓа изјава од министер за одбрана на една соседна држава, дали Владата ќе испрати протестна нота за таквата изјава?) Исто за ова прашање Матеја дополнително ќе ве известиме, во овој момент немаме такво нешто, изјави Каракачанов.

Ниту министерката за одбрана Радмила Шекеринска, не одговори дали ќе има реакција на изјавата на нејзиниот колега од Бугарија. Вели ќе продолжеле да ги испраќаат истите изјави и од претходно.

-Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни. Бугарија е членка на НАТО и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој треба да комуницираат држави членки на Алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки, кои што сме ги испраќале изминативе години, а тоа е дека нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, изјави Шекеринска.

Инаку, Красимир Каракачнов во гостување во радио емисија во Бугарија, порача дека во Македонија имало многу споменици каде што се славеле бугарски национални херои, но и споменици каде се споменува бугарскиот окупатор, кои не смеело да ги имаме.

-Така како што за еден ги отстранија сите табели со Александар Македонски, името на автопатот и ги сменија табелите на Аеродромот, за еден месец до декември Македонија треба да ги тргне спомениците? Ако треба ќе им пратиме инженерски полк да им помогне да ги тргнат побрзо, или па ако треба ќе им пратиме од овдешната организација на ВМРО, ќе ги отстранат за 24 часа, изјави Каракачанов.

За Каракачанов проблематично е и прославувањето на 11 октомври, велејќи дека Македонците таму ја славеле победата над според Бугарија непостоечкиот бугарско фашистички окупатор. Прославата на овој празник претходно беше проблематична и за европратеникот од партијата на Борисов, Андреј Ковачев.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста