Kако се започна – „Терористите“ жртви на добро осмислен план за устоличување на Заев

Вака почна да се пишува уште една црна страница во историјата на Македонија. Со добро скроен план за преземање на власта надвор од деловникот Зоран Заев со своите пратеници избра  нелегитимен претседател на Парламентот. Со очигледна намера за спроведување на замисленото, Ферид Мухиќ како најстар пратеник од коалицијата на СДСМ, меѓу клупите, не на говорница, ја стави точката за избор на претседател на Собранието на дневен ред.

Иако свесни дека надвор пред законодавниот дом се одвива протестот на граѓаните од „За заедничка Македонија“, тоа не го спречи Заев да избере нелегитимен претседател на Парламентот. Иако на 27-ми април трврдеше за себе дека не е интернет пратеник , токму тогаш Со 62 гласа „за“ од коалицијата на Заев кои никој не ги преброја, Талат Џафери од ДУИ беше избран за незаконски претседател на парламентот.

Надвор илјадници граѓани будно ја следеа ситуацијата во Собранието, обидот преку државен пуч да се преземе власта. Ситуацијата ескалира во моментот кога народот луто реши да им се спротивстави на луѓето за коишто велат дека се обидуваат да ја продадат државата и влегоа во Парламентот.

Морничави слики , хаос по улиците и во Собранието, повредени, полиција во полн состав на секое ќоше во главниот град. 27 април врежа црна дамка во македонската историја. За власта предводниците на движењето „За заедничка Македонија“ со влегувањето во Собранието и пеењето на македонската химна станаа терористи со обвинение дека сториле терористичко загрозување на уставниот поредок.  Пратениците кои ги отворија вратите на Собранието сепак со политичко пазарење се извлекоа од казни за сторените дела. Прифатија да го дадат својот глас за промена на уставното име, а за возврат си ја купија слободата.

Следуваа и нови удари. Под притисок, пратениците кои беа дел од обвинувањата за случките за 27 април, се испазарија и со својот глас за менување на уставното име на Македонија излегоа на слобода и повторно влегоа во Парламентот. Со уцени и пазарења беше изгласан и Законот за обвинителство, на ден пред распуштање на Собранието, по низата турбуленции на политичката сцена. Помина и Законот за двојазичност кој беше  услов за владината коалиција на Заев и Ахмети и неговото задржување на власт.

А денеска државата се уште ја води истата структура која на 27 април надвор од сите закони ја зема власта. Ако тогаш не беше важна волјата на граѓаните, се заобиколија сите собраниски процедури, се погазија закони, сега истите тие луѓе се колнат во почитувањето на законите како светост.

Македонија сега има пратенички состав кој и по скоро една година, се уште не е целосно во функција. Блокади на речиси секое законско решение, договори, лидерски и речиси никакво поместување. Повторно со прекршување на законите и заразени пратеници во скафандери талат Џафери ја заобиколи законската рамка и дозволи гласање во Собранието. 

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста