Јорданов: Во време на пандемијата, др. Николов ги остава на цедило колегите и без никаква етика прифаќа кандидатура за локални избори

Во вчерашната дебатна емисија на ТВ Стар гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов кој зборуваше за предвремените локални избори во Штип, на кои ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди свој кандидат, односно нема да учествува поради Ковид пандемијата, а од друга страна, СДСМ веќе го промовираше др. Сашко Николов како кандидат за градоначалник.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јорданов вели дека др. Николов пред да манипулира со јавноста и да бара поддршка за мандат во Штип, треба да одговори на прашањето зошто во својата приватна фирма, односно фирмата на неговото семејство, се исплаќаат плати под законската регулирана минимална плата во државата. Исто така, Јорданов побара др. Николов да одговори зошто само во неговата фирма не влегува пазарната инспекција, која се повеќе е јасно дека работи со двојни аршини, односно дека го штити Николов и неговата фирма.

– Др. Николов да одговори на јавноста дали ја прифатил кандидатурата за градоначалник само поради тоа што член на неговото потесно семејство треба да ја добие лиценцата за работа со марихуана и дали е етички доктор да ја напушти својата работна позиција во време на пандемија, само за да влезе во политика и да добие градоначалнички мандат, заврши Јорданов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста