Јанушев од Велес: Кандидатите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се луѓето кои на граѓаните на Република Македонија ќе им дадат нова надеж

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на пратеници во изборната единица 3, Игор Јанушев денеска беше во посета на Велес. Заедно со кандидатот за пратеник од Велес, Игор Здравковски, имаа кратки средби со граѓани на отворено. Јанушев од Велес порача дека ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули убедливо ќе ги порази оние кој го погазија достоинството на македонскиот народ. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни кандидати за пратеници и дека токму тие ќе ја вратат надежта кај народот.

 

Изјава за медиуми, 20.06.2020

Сакам да порачам дека обновата доаѓа, дека овој период од три години каде Заев и СДСМ едноставно нѐ натераа како народ да ја виткаме кичмата, да си го погазиме достоинството завршува тука. Доста е. Имаме квалитетни луѓе, имаме лидери коишто ќе ја водат оваа држава коишто знаат како треба. Овде со мене е Игор Здравковски кандидатот за пратеник од градот Велес, кандидатот за пратеник во изборната единица 3, педагог кој што својот живот го поминал посветувајќи се на работа со најмладите. Луѓето коишто се на листите во изборната единица 3, но и останатите изборни единици се луѓето кои што ќе ја донесат победата на овие избори коишто на граѓаните на Република Македонија ќе им дадат нова надеж.

Publiée par Igor Janushev sur Samedi 20 juin 2020