Расте бројот на заразени во Охрид и Струга

Драстично се зголемува бројот на заразени со опасниот вирус во туристичките центри, Охрид се приближува до трицифрен број дијагностицирани, а во Струга пак и понатаму пераментно расте бројот и се проближува до 200 новозаболени.

„Одделенијата ќе се олабавуваат постепено за оние кои не им е потребно хоспитална нега ќе се леча во домашни услови.За оние кои тоа е дозволиво и можно се со цел да се отвори простор и да се амортизира притиското од евентално голем број на заразени со потешка клиничка слика“ – вели Сашо Точко, директор на Центар за јавно здравје.

Повеќе не станува збор за ширење на вирусот помеѓу повеќе кластери, поради непочитување на мерките, се заразуваат цели семејства кои откако ќе се дијагностицираат наместо да седат дома, се рашетуваат, одат по продавниците, пазарите, наминуваат по комшии, роднини и пријатели.

„Значи не може да се земе матерјал за тестирање за Ковид -19, а лицето додека не го добие брисот да биде слободно и да шета. Станува збор за несовесни граѓани кои не почитуваат, значи дали тераат инат или не знам што, но пркосат на оваа непогода што не има задесено. Гледате, последниве 2 до 3 недели околу 20 дена ние имаме огромен број,зголемен од она што ги имавме“ – вели Точко.

Во моментов затворени се две текстилни фабрики во Охрид, една фабрика за ХТЗ опрема во Струга со 100 вработени,и една текстилна фабрика во Радожда со 60 вработени.Ова струшко рибарско село, е ново жариште на коронавирусот. Епидемиолозите кажуваат дека вработените кои не се заразиле на работното место, кријат дека се заболени и пијат аналгетици, пред да тргнат на работа каде им се мери температура. Коронавирусот ги полни болниците.

„Секој пациент се рачуна како да е потенцијално позитивен,целокупниот кадар дали е тоа на хурушкиот дел, на гинекологија, на урологија,секој пациентит итен кога ќе дојде ние немаме време некогаш да тестираме дали е позитивен или негативен се теретира како да е позитивен“ – вели Д-р Горан Балев , директор на Општа болница Охрид.

„Е па сега ако веќе капацитетите се исполнети тогаш и ние ќе сме принудени за такви пациенти да ги држиме.Што значи тој пациент јас го хоспитализирам 2- 3 дена, ако ги хоспитализирам сите, тогаш немам такви можности и немам ни такви улсови за такви пациети. Не можеме пациентите да ги оставиме на улица“ – вели Д-р. Мухамед Асани, директор на Општа болница Струга.

Во охридската болница нема место за хоспитализирање на новозаразени, 99% од болничкиот капацитет е исполнет.

Моментално има 18 позитивни пациети и 6 сомнителни кои лежат на неколку витални одделенија во болницата.

Пациенти се примаат и во амбулантите на хирургија и интерно. Некои од заразените се на кислородна поддршка.

Росица Голабоска

Поврзани вести